Дончиќ блескаше на новогодишната ноќ, броеше до 51 поен за нова победа на Далас

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја одбележи новогодишната ноќ во НБА и со несекојдневна ефикасност ја продолжи одличната серија на игри, предводувајќи го својот Далас во победата над Сан Антонио 126-125 со дури 51 постигнат поен, а само една асистенција му недостасуваше за нов дабл-дабл.

Во многу рамноправен меч Далас водеше речиси во целиот тек на мечот, а на крајот малку недостасуваше да го загуби дуелот. Домаќините во последната четвртина успеаја да ја стопат целата предност, а пред крајот на мечот Тре Џонс се избори да биде човек на одлука, но наместо херој, тој се претвори во трагичар. Најпрво на три секунди пред крајот на -3 доби две слободни фрлања, првото го погоди, а второто успешно го одигра од табла и успеа да изнуди две слободни. Успева да постигне едно, а второто случајно да го промаши.

На гостински терени ноќеска славеа и Детроит над Минесота со 115-104, Мајами ја надигра Јута со 126-123, а Бруклин го декласираше Шарлот со 123-106.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Бруклин 106:123
Чикаго – Кливленд 102:103
Хјустон – Њујорк 88:108
Сан Антонио – Далас 125:126
Мемфис – Њу Орлеанс 116:101
Минесота – Детроит 104:116
Оклахома – Филаделфија 96:115
Јута – Мајами 123:126

Се вчитува...