Играч на НФЛ пијан заврши во притвор после полициска потера

Камерун Батсон, играчот на НФЛ тимот Атланта Фалконс, заврши во притвор после полициска потера, пишуваат медиумите во САД. Според пишувањата на Атланта Журнал, Батсон е запрен од полицијата после брзо возење. Полицајците му направиле алхо-тест и утврдиле дека има алкохол во крвта.

Играчот на НФЛ се расправал со полицајците, после што дошло до турканици, и поради тоа еден полицаец испукал куршум во воздухот.

Батсон потоа се обидел да избега, но полицијата веднаш започнала потера по него, по што тој излетал со автомобилот и потоа се обидел да избега пешки. Сепак, полицајците успеале да го стигнат и да гио уапсат.

Батсон во минатото беше дел од Тенеси Титанс.

Се вчитува...