Клоп емотивен за Пеле: Сега ќе игра фудбал на прекрасен небесен стадион со одлични играчи

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека никој не може да биде поголем од Пеле, и дека му се воодушевува што покрај фудбалер, бил еден од најпопуларните лица на светот.

Пеле почина во четвртокот на 82 годишна возраст, а луѓето на социјалните мрежи се простуваа од најголемиот фудбалер кој Бразил некогаш го имал и играч кој прв, и засега единствен има освоено три светски првенства.

Клоп кажа дека никој нема ниту 0,01% вештини на Пеле, и опиша дека добил дрес со бројот 10 на својот роденден кога го сретнал Франц Бекенбауер на СП 2006 година.

„Што и да ми зборува некој во иднина, Пеле за мене е најдобриот. Нема тоа да го заборавам. Двајцата ми покажаа дека и покрај тоа што си најпопуларен на светот, можеш да бидеш сосема нормален. Тоа е нешто што најмногу го сакам и тоа го земав како лекција. Сега Пеле ќе игра фудбал на некој прекрасен небесен стадион со одлични играчи“, рече Клоп.

Се вчитува...