Роналдо тренираше во Мадрид и чекаше повик од Реал, но тој не дојде

По завршувањето на Мундијалот и елиминацијата на Португалија, Кристијано Роналдо веднаш продолжи со тренинзите. Тој тренираше во Мадрид со Реал, и го чекаше повикот повторно да го облече дресот на „Кралевите“. Тој се надеваше дека може да се врати во клубот во кој настапуваше со успех од 2009 до 2018 година.

Меѓутоа како не дојде тој повик, Роналдо се реши да ја прифати понудата од Ал Наср, и така потпиша богат договор после неговата неуспешна авантура со „кам-бекот“ во Манчестер Јунајтед.

Роналдо ќе биде еден од најплатените спортисти на денешницата. И покрај тоа што се шпекулираше дека ќе заработува околу 200 милиони евра, сепак, ќе добива околу 70 милиони за една година. Договорот му е до 2025 година, а потоа треба да биде амбасадор за заедничката кандидатура за одржување на Мундијалот во 2030 година на Саудиска Арабија, Египет и Грција.

Исто така добива и управувачка улога во клубот, па ќе може да назначува и тренер и да бира играчи.

Се вчитува...