ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Играч на Саутепмтон блиску до рекордот на легендарниот Бекам

Играчот на Саутемптон, Џејмс Вард-Проус се заканува да го урне рекордот на легендарниот Дејвид Бекам. Фудбалерот од средниот ред го постигна својот 15-ти гол од слободен удар во Премиерлигата. Тој го постигна единствениот гол за својот тим во поразот од Фулам од 2-1.

Тој постигна гол во својата мрежа во првиот дел, додека во вториот погоди во противничката мрежа. Повремениот англиски репрезентативец погоди од слободен удар, и со тоа се доближи до рекордот на легендарниот Дејвид Бекам.

Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед има 18 голови во Премирелигата од слободен удар. Со вчерашниот гол Вард-Проус стана вториот најдобар стрелец од слободни удари во англиското првенство, и сега му требаат само три за да го урне рекордот на Бекам.

Се вчитува...