Ефект Кристијано Роналдо: Ал Наср за два дена доби нови 5 милиони следбеници на социјалните мрежи

Ал Наср, новиот клуб на Кристијано Роналдо ги „запали“ социјалните мрежи веднаш по потписот на Португалецот за овој тим. Во минатото ова име не му значело ништо на асот, но сега работите се сменија.

Роналдо се очекува да заработува голема сума на пари за две години колку што ќе биде дел од овој тим, а потоа треба да стане амбасадор за организација на Саудиска Арабија на Мундијалот во 2030 година, заедно со Египет и со Грција.

Сега сите знаат за Ал Наср по потписот на Роналдо. Пред неговиот ангажман, клубот имаше 860 илјади следбеници на „Инстаграм“, а за 24 часа од потписот на Роналдо таа бројка се искачи двојно, 1.6 милиони. Сега клубот го следат 5,4 милиони следбеници, а бројката сигурно ќе расте уште повеќе, односно по потписот на Португалецот, клубот ја зголеми својата популарност и доби нешто помалку од нови 5 милиони следбеници.

Се вчитува...