Екипата на второлигашот Гостивар продолжува да се засилува за пролетниот дел од сезоната во кој ќе брка пласман во прволигашката конкуренција. Гостиварци денеска го промовираа Фахрудин Ѓурѓевиќ за ново засилување во своите редови, и со ова покажуваат дека имаат намера да ја „прегазат“ конкуренцијата и да се пласираат во прволигашкото друштво.
Ѓурѓевиќ е искусно име кое има и интернационално искуство. Играше во Влазнија, во Храдец Кралове, Спартак Суботица. Последен клуб му беше Македонија ЃП.
Претходно Гостивар се засили со Фисник Зука, Гордијан Христовски, Астрит Амзаи, Рејан Абази и Симеон Христов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА