Реал Мадрид слави, за 112 милиони ја договори замената за Лука Модриќ

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд наводно постигнале договор околу трансфер на англискиот репрезнтативец Џуд Белингем. Играчот од средниот ред би требало од следната сезона да се пресели на „Бернабе“, и да биде замената за Лука Модриќ, кој полека треба да размислува за пензија.

Реал на „милионерите“ ќе им плати 112 милиони евра за играчот од средниот ред, и со него ќе оди по нови трофеи во Лигата на шампионите. Исто така се споменува дека „кралевите“ на лето ќе тргнат по потписот и на Килијан Мбапе, и покрај тоа што тој го продолжи договорот пред неколку месеци.

И покрај тоа што се шпекулираше дека Белингем на крајот ќе заврши во Ливерпул, сепак, Дортмунд нема да може да одолее на понудата на Реал Мадрид. Се споменува дека Едуардо Камавинга може да биде дел од трансферот на Англичанецот во Мадрид, но тоа засега не е потврдено.

Се вчитува...