Модриќ и Ракитиќ ќе бидат вклучени во стручниот штаб на Хрватска

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ, кажа дека на Лука Модриќ по завршувањето на кариерата, ќе му понуди место во стручниот штаб каде што се веќе легендарните Ивица Олиќ, Марио Манџукиќ и Ведран Чорлука, како и Дражен Ладиќ.

Далиќ рече дека Модриќ е важен дел од репрезенацијата, а дека го гледа како човек кој може многу да придонесе хрватскиот фудбал да се развива уште повеќе.

„Модриќ е важна алка од нашата репрезентација, можеби најважната. Капитен кој можеби го игра најдобриот фудбал во кариерата. Ужива во фудбалот и во натпреварите на својата репрезентација. Она што јас го сакам како селектор и го форсирам е тоа што во стручниот штаб влегуваат играчи кои беа во репрезентацијата. Тука се Манџукиќ, Олиќ, Чорлука кои беа во Русија. Кога еден ден ќе ја заврши Лука својата кариера, ќе му биде понудено да биде дел од стручниот штаб. Исто како и Ракитиќ“, рече Далиќ.

Се вчитува...