Нова „бомба“: Модриќ оди кај Роналдо во Ал Наср?

Ал Наср го комплетираше мегатрансферот на Кристијано Роналдо, но челниците на пребогатиот клуб од Саудиска Арабија не планираат да застанат тука. Се шпекулираше со понуди за Бускетс и за Серхио Рамос, но според последните информации на мадридскиот весник „Марка“, следен на листата со желби на Ал Наср е хрватскиот генијалец Лука Модриќ.

Хрватот има договор со Реал Мадрид до крајот на сезонава, беспрекорната соработка што ја има со Флорентино Перез беше најава дека Модриќ ќе остане „крал“ уште најмалку една сезона, но ситуацијата би можела сериозно да се промени откако Ал Наср го насочи своето вниманието кон капитенот на хрватската репрезентација.

Според „Марка“, разговорите се веќе започнати и во наредните денови Модриќ ќе добие и официјална понуда, за која нема сомнеж дека ќе биде далеку повисока од она што Реал Мадрид може да му го понуди на 37-годишниот ветеран.

Сепак, шпанскиот весник прогнозира дека Модриќ ќе ги одбие милионите од Саудиска Арабија за да ја заврши кариера како член на најтрофејниот вропки клуб.

„Хрватот го усоврши до максимум начинот на кој треба да се однесува еден играч на Реал. Во Мадрид тој има се што ќе посака, од спортски аспект, но и во секојдневниот живот. Се чувствува сакан и почитуван и не сака да се откаже од тоа. Исто така, Реал не сака да се откаже од Лука“, пишува Марка.

Се вчитува...