Мајката на Пеле се уште не знае дека нејзиниот син е мртов

Минаа неколку дена од смртта на фудбалската легенда Пеле, а семејството на великанот се уште не нашло начин да ја соопшти тажната вест на неговата мајка Селест.

Таа во ноември наполни 100 години, се мачи со неколку различни болести, има и деменција, па семејството стравува од нејзината реакција кога ќе дознае дека Пеле ја загубил најважната битка.

„Не и кажавме ништо за брат ми бидејќи не знаеме како ќе ја поднесе целата работа. Се обидовме со разговор „одоколу“, но кога и да му го споменам имеето таа само повторува „Ќе се молиме за него“, мислам дека и во претходниот месец воопшто не разбираше колку е тешка ситуацијата. Стара е, има деменција, се обидувам да разговарам со неа, но мислам дека не разбира премногу што се случува околу неа“, изјави сестрата на Пеле, Марија Лусија.

Се вчитува...