Интер заостанува 11 бода зад Наполи во трката за скудетото, но за Ромелу Лукаку нема дилема – оваа негатива е недостижна и „нероаѕурите“ имаат квалитет до крајот на сезоната да се искачат на врвот на табелата.
Во првиот меч од новата година Интер на домашен терен ќе го пречека токму лидерот Наполи, идеална можност за Лукаку и соиграчите да ја намалат големата негатива. Белгискиот џин по една година во Челси се врати назад меѓу „нероаѕурите“, но незгодната повреда го спречи да даде посериозен придонес во првиот дел од сезоната.
„Интер ми е во срцето и ќе сториме се за да победуваме и на крајот да стигнеме до титулата. Наполи можеби во моментов делува далеку, но се е возможно во светот на фудбалот. Дали верувам во титула? Апсолутно, цело време… ако играме фудбал каков што знаеме, се е возможно. Да не заборавиме, првенството завршува на 6 јуни, а сега е почеток на јануари, има уште многу за играње“, истакна Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА