Јокиќ држеше час по кошарка против Бостон

Никола Јокиќ одигра извонреден меч за Денвер, предводејќи го својот тим до убедлив триумф над Бостон селтикс од 123-111. Српскиот центар стигна до трипл-дабл од 30 поени, 12 скокови и 12 асистенции, а уште поимпресивно делува фактот дека Јокиќ во текот на целиот меч промаши само три шута од поле (10/13), а немаше и ниту една загубена топка. Интересно, ова е трет пат во историјата на НБА еден играч да стигне до трипл-дабл со вкупен процент од над 90% (вклучувајќи ги и слободните фрлања), а и во претходните две ситуации тоа му пошло од рака токму на Јокиќ.

Денвер со оваа победа остана на врвот на табелата во Западната коференција, а покрај Јокиќ значаен придонес дадоа и Браун со 21 и Портер со 19 поени.

Мемфис остана на второто место во западот по победата од 118-108 над Сакраменто. Џа Морант повторно беше предводник на „гризлите“ со 35 поени и пет асистенции.

Милвоки неочекувано лесно и убедливо загуби на домашен терен од Вашингтон со дури 23 поени разлика (95-118). Адетокумбо не беше во составот на домаќините, што Вашингтон го искористи за да стигне до убедлива победа предводен од Хачимура (26 поени) и од Порзингис (22 поени).

Резултати НБА:

Денвер – Бостон 123-111, Мемфис – Сакраменто 118-108, Милвоки – Вашингтон 95-118.

Се вчитува...