Драма во НФЛ – играч доживеа срцев удар по судар со противникот (вознемирувачко видео)

Дерби натпреварот во НФЛ шампионатот помеѓу Синсинати и Бафало беше прекинат во првата четвртина откако играчот на гостинскиот тим, Демар Хемлин доживеа срцев удар по контакт со противнички играч.

Хемлин најпрво успеа да стане на нозе, но неколку моменти подоцна падна на теренот. Медицинската екипа веднаш му пружи помош на 24-годишникот кој беше реанимиран на теренот, а потоа и префрлен во болница каде се наоѓа во тешка состојба, потврди првенството.


Играчите на двата тима беа во шок, а натпреварот не продолжи. По немилата сцена пред болницата се најдоа и навивачите на двата тима кои таму ја поминаа ноќта во знак на поддршка.

Се вчитува...