Најдоброто од историскиот меч на Донован Мичел (ВИДЕО)

Донован Мичел изминатата вечер го предводеше Кливленд до победа над Чикаго со неверојатен 71 поен со што стана само третиот играч по Коби Брајант и Девин Букер кој овој милениум успеал да ја надмине границата од 70 постигнати поени.

Мичел со тројка го врати својот тим во игра на нешто повеќе од минута до крајот, а при три остнати секунди на семафорот, при резултат 130-128 оствари и офанзивен скок по своето слободно фрлање, успеа да поентира и со тоа да донесе изедначување и дополнителни пет минути. Во нив го донесе и првото водство за својот тим, а продолжи во одличниот ритам и до самиот крај.

Се вчитува...