Леброн Џејмс единствен кој со 38 години го повтори подвигот на Џордан

Леброн Џејмс кој неодамна го прослави својот 38. роденден одигра уште еден фантастичен натпревар во НБА лигата каде го предводеше Лејкерс до победа над Шарлот. За тимот од „градот на ангелите“ тоа е втора победа едно по друго, а воедно и втор натпревар во кој доминира „Кралот“.

Џејмс мечот го заврши со 43 поени, 11 скока и 6 асистенции со што застана рамо до рамо со Мајкл Џордан како единствените два кошаркари кои успеале во 38 година од животот да одиграат два последователни натпревари во кои постигнале 40 или повеќе поени. Леброн тоа го направи и на претходниот натпревар против Атланта кога броеше до 47.

Се вчитува...