Специјални награди за ракометните легенди (фотогалерија)

Мечот на сите ѕвезди на македонскиот ракомет е главниот настан на почетокот од 2023 година, а раководството на РФМ подготви пригодни подароци за сите играчи кои настапуваат за селекцијата на легенди на македонскиот национален тим.

Дресови за спомен на овој спектакл добија голманит Борко Ристовски, Петар Ангелов и Златко Даскалоски, потоа крилните ракометари Стевче Алушовски, Владо Недановски, Гоце Макалоски, Златко Мојсоски и Александар Јовиќ, бековите Раде Стојановиќ, Филип Лазаров, Мите Стоилов, Велко Маркоски, Ацо Јоноски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Бранче Ангеловски, Кирил Лазаров и Влатко Митков, како и пивотите Стојанче Стоилов, Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоноски.

Специјални награди од претседателот Мукаетов и Генралниот секретар Милошевски добија двајцата поранешни селектори на Македонија, Илија Темелковски и Звонко Шундовски, кои ја водеа нашата селекција на СП во Хрватска и на ЕП во Србија.

Воедно, награди на овој ракометен спектакл добија и легендарните судии Марјан и Драган Начевски, кои ја делеа правдата во првото полувреме од овој прекрасен настан.

Специјални плакети како предводници на „фалангата“ на големите натпреварувања добија Климе Стоилов (таткото на долгогодишниот репрезентативец Стојанче Стоилов) и Ристо – Шиц.

 

Се вчитува...