Легендата на светскиот фудбал, единствениот со три шампионски титули на Светските првенства, Пеле денеска на гробиштата во Сантос беше испратен во вечното почивалиште.
Според информациите од Бразил во 24-часовното бдеење на стадионот на неговиот клуб Сантос почит му оддале над 300 илјади луѓе меѓу кои и претседателот на Бразил, Лука да Силва. Поворката која подоцна го заобиколи градот најмногу се задржа пред куќата на неговата 100-годишна мајка каде воедно е оддржана и молитва.
Пеле својот живот го загуби на 29. декември по долго боледување од рак на 82. годишна возраст.
Pelé's coffin arrived at his final resting place as millions of fans in Brazil and around the world mourned the sports legend.#9Newshttps://t.co/1FauWUrVvd
— 9News Australia (@9NewsAUS) January 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

