Нејмар потекнува од Сантош, клубот каде што Пеле ја помина речиси целата своја кариера. Пеле посебно го почитуваше Нејмар, па сите очекуваа дека фудбалерот ќе побара дозвола од ПСЖ и ќе се појави на погребот.
Бразилците му замеруваат на Нејмар затоа што барал дозволи од клубот да присуствува на разни забави, но не и на погребот на фудбалскиот великан Пеле.
„Нејмар многу лесно можеше да го убеди ПСЖ за да го пушти да дојде на погребот. Тој неколкупати барал дозвола за разни забави и ја добивал, зашто не побарал таква дозвола која сигурно ќе ја добиел за погреб на најголемиот во историјата Пеле? Нејмар како најголема ѕвезда на Бразил имаше обврска да дојде на погребот на Пеле и да се прости од него. Тоа беше многу важно за бразилскиот фудбал“, објавија низа бразилски медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА