Англичанецот Мајкл Смит нов светски шампион во пикадо

Англичанецот Мајкл Смит е светски шампион во пикадо за 2023 година. 23-годишниот играч го ​​победи Холанѓанецот Михаел ван Жервен во финалето со 7-4 со што стигна до првата светска титула, откако претходно двапати губеше во финалето.

На крајот реши подобрата статистика во одјавувањата – Смит имаше 47 отсто успех, а Ван Жервен 38,5.

Ван Жервен, легендата на овој спорт, по четвртит пат во кариерата не успеа да дојде до оваа престижна титула, откако ја освои во 2014, 2017 и 2019 година. Ван Жервен од 2014 до 2021 година беше најдобро рангиран играч на планетата, а моментално е трет на таа листа.

 

 

Се вчитува...