Роналдо ќе мора да почека на деби за Ал Наср

Долгоочекуваното деби на Кристијано Роналдо во Ал Наср може да биде одложено, пренесува англискиот „Дејли-мејл“.

Португалецот беше суспендиран на два меча по инцидентот со младиот навивач на Јунајтед на кого му ја удри раката по мечот со Евертон во Премиер-лигата.

Казната од Англиската фудбалска асоцијација дојде дури на 17. ноември 2022 година, кога Премиер лигата веќе беше во мирување поради Светското првенство. Според правилата на ФИФА, дисквалификацијата ќе важи за сите лиги, а не само за Англија. Доколку ова се потврди, фановите на Ал Наср ќе мора да почекаат уште малку за да го видат Роналдо на дело.

Се вчитува...