Сампаоли поцрвене, па Севилја го прегази Линарес (ВИДЕО)

Севилја со убедлива победа од 0-5 славеше над Линарес во шеснаесетина финалето во шпанскиот Копа дел Реј. Откако тренерот на тимот од Андалузија, Хорхе Сампаоли доби црвен картон уште во 19. минута, неговите играчи одиграа одлично.

Ен Незири со два гола во 37. и 40. минута донесе водство од 0-2 за гостите, резултат со кој се занима на пауза. Со автоголот на Скадроне во 57. минута веќе беше 0-3, а до крајот Ла Мела и Ен Незири со својот трет гол ги поставија конечните 0-5.

Пласман понатаму обезбеди и Реал Сосиедад кој славеше на гостувањето кај Логроњес со 0-1.

Се вчитува...