Интер е првиот тим во италијанската Серија А кој успеа да му нанесе пораз на Наполи откако во дербито на 16. коло на домашен терен славеше со 1-0.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 56. минута кога Един Џеко го постигна погодокот вреден три бода. Елјиф Елмас го стартуваше мечот на клупата за резерви, а влезе во игра во 76. минута.
Во вториот натпревар од терминот од 20.45 часот Удинезе и Емполи одиграа без победник 1-1. Македонскиот интернационалец Илија Несторовски влезе во натпреварот во 84. минута.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА