Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекуваањата се пласираше во третото коло од турнирот во Аделаида, славејќи над Французинот Квентин Халис со минимални 7-6, 7-6. Србинот важеше за голем фаворит и се очекуваше рутински да стигне до победата, но Халис се покажа како цврст ривал кој беше многу подобар во првиот сет.
Имено, францускиот тенисер го отвори мечот со водство од 3-0, а потоа водеше и со 5-3. Ѓоковиќ се врати до 5-5, за во завршницата од првиот сет српскиот тенисер да спаси и две брејк-топки. Во тајбрејкот Новак рутински триумфираше со 7-3, но во вториот сет повторно се играше максимално израмнето, а победникот уште еднаш беше решен со тајбрејк. Во него Ѓоковиќ имаше поладна глава во клучните моменти, славејќи со 7-5 за пласман во четвртфиналето.
Вистинските предизвици за српскиот тенисер допрва претстојат, тој во следниот меч ќе се сретне со Шаповалов, а во случај на победа за ривал во полуфиналето ќе го има подобриот од мечот Медведев – Хачанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

