Македонската ракометна репрезентација денеска отпатува за Хрватска, каде утре и задутре ќе ги одигра последните две контролни средби пред СП 2023 против селекциите на Хрватска и на Израел.
Селекторот Лазаров се соочува со дополнителен проблем, откако покрај Филип Талески, од комбинација за настап во Пореч отпадна и Никола Митревски. Првиот голман на националниот тим меѓу последните пристигна на собирот поради обврските кон Порто, доби поштеда на првите контроли со Црна Гора, но фактот дека сега нема да игра ниту на преостанатите две пријателски средби е предзнак дека станува збор за проблем со некаква повреда. Во негово отсуство, улогата на прв голман ќе му припадне на Мартин Томовски, додека Кизиќ ќе чека шанса од клупата за резерви.
Покрај Талески и Митревски, на списокот на патници за Хрватска го нема ниту левото крило на Еурофарм Пелистер, Цветан Кузманоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА