Германскиот судија Патрик Итрих сподели идеи за подобрување на натпреварите и олеснување на судиите. Кариерата ја почна водејќи натпревари од пониските лиги, а од 2016 година суди и натпревари од Бундеслигата.
Тој ги сподели своите визии за германскиот „Билд“. Првата измена се однесува на тактички фаули на средината на теренот. Според судијата, во вакви ситуации слободниот удар треба да биде на 17 метри од голот, што би значело помалку вакво однесување.
Судијата најде и начин како да ги намали претераните реакции на играчите на фаули. Во случај на три падови на теренот, играчот би требало да го напушти теренот три минути за да добие лекарска помош. На тој начин би се „укрло“ помалку време. Навредата на судијата би била најстрого казнета. Во тој случај играчот би бил исклучен од игра на десет минути за да ги смири нервите.
А уште една сугестија е реакцијата на арбитарот на зачестената конфузија во случајот со спорните случувања на теренот. Доколку по незадоволителна одлука за тимот, целиот тим истрча до судијата, судијата ќе има право да исфрли тројца играчи и да им додели црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

