Мустафа Мујезиновиќ е најновото засилување на тимот на Шкендија за вториот дел од сезоната, откако тетовци денеска се пофалија со потписот на овој 29-годишен фудбалер. Мујезиновиќ е роден во Германија, но голем дел од кариерата мина во БиХ, настапувајќи за неколку различни клубови, меѓу нив и Железничар.
Тој во првиот дел од сезонава ги бранеше боите на српскиот прволигаш Нови Пазар, од каде реши да си замине по добивањето на понудата од Шкендија. Станува збор за играч кој настапува на позицијата плејмејкер, а по потреба може да помогне и како последен играч за врска, но и како десен бек.
Мујезиновиќ е третото засилување на тетовци во овој преоден рок, по потписите со Ќака и со Максимов.
Шкендија моментно се наоѓа на третото место на табелата во Првата лига, со девет бода заостанување (и меч помалку) во однос на лидерот Струга ТЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА