Баерн Минхен дел од подготовките за продолжението од сезоната ќе ги одработи во Катар, но таму ќе патува без повредените, пренесуваат германските медиуми. Тренерот Нагелсман нема да може да смета на услугите на Садио Мане, Мануел Ноер, Буна Сар и Лукас Хернандес.
Тие ќе останат во Германија каде ќе продолжат со своите рехабилитации за продолжението од сезоната во кое баварскиот гигант ќе цели на продолжување на доминацијата на домашната сцена, но и враќање на титулата во Лигата на Шампиони.
Во тој поглед добри вести за минхенскиот клуб е одличното закрепнувње на Мане кој би можел да се врати на тренинзите на почетокот на февруари со што би бил подготвен за настап во осминафиналето од ЛШ каде баварците силите ќе си ги одмерат со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА