Лук Вилдоза пристигна во Белград како огромно засилување за Црвена Звезда и веднаш ги исполни очекувањата. Аргентинецот блеска на теренот, го предводеше својот тим до значајни победа меѓу кои и онаа спектакуларната против Партизан во првото српско вечно дерби во Евролигата па и го доби и МВП признанието за месец декември, во кој за жал заработи и повреда.
Говорејќи за „Спорт Клуб“ тој вели е пресреќен во Белград кој се грижи за него, а сака да остане во српската престолнина и во иднина.
„Многу ми се допаѓа Белград. Од првиот ден се почувствував како дома. Почувствував спокој. Луѓето ми помагаат пред се на теренот, но и надвор од него. Сите се грижат за мене, постојано ме прашуваат дали ми треба нешто. Тие работи се најважни за мене. Сакам да останам тука. Што подобро го запознавам Белград толку повеќе го засакувам. Спортски, најдобрата верзија од мене е во овој град. Сакам да останам“, вели Вилдоза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА