Столе Димитриевски напролет ќе брани за Вилјареал!?

Столе Димитриевски на пролет би можел да ја чува мрежата на минатосезонскиот полуфиналист во Лигата на шампионите, Вилјареал. „Жолтата подморница“ наводно понудила 8 милиони евра до Рајо Валјекано за услугите на македонскиот голман.

Вилјареал бара замена за Херонимо Рули кој е пред потпис со Ајакс, а со тоа тимот би останал само со искусниот Пепе Реина.

Лани пропадна можноста Димитриевски да се пресели во Барселона, но трансфер во тимот на „жолтата подморница“ и тоа како ќе биде чекор напред за репрезентативната „единица“ на Македонија.

Димитриевски неколку сезони наназад е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, и покрај големата конкуренција и звучните имиња кои бранат во тимот од шпанската „елита“.

Се вчитува...