Манев одличен во одбраната на Адана за триумф од 6-0 против Валон Етеми, Барди победи со Трабзон

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Јован Манев со својата Адана Демирспор ја доби пресметката против репрезентативецот Валон Етеми и Истанбулспор во 17. коло од Суперлигата на Турција.

Адана славеше убедливо со 6-0 во мечот во кој Манев веќе стандардно го добива своето место во првиот тим на клубот. Манев одлично ги одигра сите 90 минути за Адана, на дуелот на кој на спротивната страна беше Валон Етеми.

Енис Барди, пак, беше во стартната постава на Трабзонспор и одигра 62 минути на мечот на кој неговиот тим славеше со 3-0 против Гиресунспор.

Манев со Аданаспор се на одличното 4. место на табелата во Турција со 30 бода, шест бода помалку од лидерот Галатасарај.

Се вчитува...