„Избрканиот“ Блинд промовиран во Баерн Минхен

Големо изненадување беше веста дека Дејли Блинд нема да биде повеќе дел од Ајакс. Дефанзивецот доби „отказ“ од клубот во кој настапуваше со успех неколку сезони по ред.

Уште поголемо изненадување е тоа што тој вечерва беше промовиран како нов член на Баерн Минхен. За него наголемо се шпекулираше дека ќе оди во Фенербахче или во Реал Сосиедад, а на крајот заврши во германскиот гигант.

Блинд во март годинава ќе направи 33 години, и ќе биде засилување за дефанзивата на „Баварците“ во атакот на нова шампионска титула напролет. Холанѓанецот би требало да биде замената за Лукас Хернандез, кој се повреди за време на Мундијалот во Катар и ќе паузира шест месеци.

Деновиве Баерн ќе треба да го комплетира и доаѓањето на Јан Зомер на голманската позиција како замена за повредениот Нојер кој ќе паузира до крајот на сезоната.

Се вчитува...