Адем Мекиќ е најновиот кошаркар што ќе го напушти МЗТ Скопје откако македонскиот репрезентативец ги договори условите од својот трансфер во романскиот шампионат.
Темишвар ќе биде новиот клуб на крилниот кошаркар, каде Мекиќ ќе настапува најмалку до крајот на оваа сезона, со можност за продолжување на соработката до 2024 година. МЗТ Скопје долго беше горд на фактот дека ги собираше репрезентативците во својот табор, но сега среде сезона си заминуваат веќе двајца, Андреј Магдевски ја продолжи кариерата во Холандија, додека Мекиќ првото интернационално искуство ќе го има во шампионатот на Романија.
ЕКИПА дознава дека веќе е договорена замената за Мекиќ во МЗТ, станува збор за Американецот Киандре Кук, кој доаѓа од францускиот клуб Блуа кој моментно е претпоследен во елитното француско кошаркарско друштво. Кук во текот на следната седмица и официјално ќе се приклучи на „металците“, а своето деби за аеродромци би требало да го има на гостувањето против Партизан во АБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

