Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се пласираше во полуфинале на турнирот во Аделаида откако го совлада Денис Шаповалов од Канада со 2-0, во сетови 6:3 и 6:4.
Некогашниот тенисер број 1 го совлада својот противник во меч кој траеше речиси два часа. Тоа беше воедно осми триумф за Ѓоковиќ во меѓусебните дуели со Шаповалов од осум меча.
Ѓоковиќ за своето прво финале ќе игра против Данил Медведев од Русија, кој денеска го совлада Карен Хачанов. Србинот и Русинот досега се сретнаа 12 пати, и резултатот е 8:4 за Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

