Баерн потврди преговори со Јан Зомер

Швајцарскиот голман Јан Зомер, е блиску да биде засилување на Баерн Минхен во зимскиот преоден рок. Сегашниот чувар на мрежата на Борусија Менхенгладбах, и еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, ќе го замени повредениот Мануел Нојер, кој ја скрши ногата додека бил на скијање со пријателите.

И од Баерн Минхен потврдија дека има преговори со Зомер, и дека има големи шанси Швајцарецот да биде дел од таборот на „Баварците“ до крајот на сезоната.

„Не сакам да зборувам за играчи од другите клубови, но Зомер дефинитивно е една од можните варијанти. Ги разгледуваме сите можности, и наскоро ќе донесе одлука“, рече спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Се вчитува...