Блесна во дресот на Франција, но сега ќе игра за Алжир

Алжирската фудбалска федерација откри дека играчот од средниот ред на Лион, Хосем Ауар се согласи во иднина да го носи дресот на Алжир.

Претседателот на федерацијата откри дека постојат преговори со уште неколку играчи кои се подготвени да го променат државјанството и да ги бранат боите на земјата од каде потекнуваат.

Избори на самиот играч потврдија дека имало преговори, но дека и натаму не е постигнат конечен договор, иако Ауар е подготвен да се откаже од Франција, и да го носи дресот на Алжир.

Фудбалерот на Лион чекаше повик од Франција, но не беше во комбинација на последните две големи натпреварувања, и тоа ќе го искористи Алжир кој ќе го земе одличниот играч од средниот ред во својот национален тим.

Интересно е тоа што во единствениот настап за сениорската репрезентација на Франција, Ауар против Украина во пријателски меч блесна и забележа две асистенции во победата од 7-1.

Се вчитува...