Ова е првиот стадион што го смени името во Пеле

Националниот стадион на Зеленортските острови е првиот што ќе биде преименуван во „Едсон Арантес до Насименто – Пеле“, по смртта на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, се огласи веднаш по смртта на Пеле, барајќи секоја држава да именува по еден свој стадион во чест на починатата бразилска легенда. Изјавата на Инфантино наиде на најразлични коментари, но фудбалската федерација на Зеленортските острови поддржана од државните власти реши прва да реагира позитивно на ваквото барање на претседателот на ФИФА.

„Како оддавање на чест и признание на личноста што сите ги обединува, покренавме иницијатива нашиот национален стадион да во иднина да се вика „Пеле стадион“. Зеленортските острови и Бразил имаат блиска историја и култура, делат ист јазик и имаат многу сличен идентитет, ова е најмалку што можеме да сториме. Верувам дека оваа иницијатива ќе ја следат барем уште неколку земји во целиот свет“, изјави Премиерот на Зеленортските острови, Улисес Кореја де Силва.

Се вчитува...