Монентално првопласираниот тенисер на светот, Карлос Алкараз ќе го пропушти првиот Грен Слем кој се игра во Австралија. Шпанецот објави дека поради повреда нема да биде дел од Австралија Опен.
Алкараз нема титула во Австралија, а минатата година беше елиминиран во третото коло на овој турнир, а подоцна на УС Опен стигна до првата титула во Грен Слем турнирите.
Алкараз се повредил на тренинг, со што објави дека нема да игра во Австралија.
„Токму кога бев на врвот во предсезоната, случајно доживеав повреда на тренинг, и тоа поради неприродно движење. Во прашање е мускулот на десната нога. Напорно се подготвував за Австралија Опен, но за жал нема да можам да играм на турнирот. Тешко ми е, но морам да бидам оптимист. Се гледаме на Австралија Опен во 2024 година“, напиша Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

