ФА Куп: Манчестер Јунајтед го совлада Евертон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед успеа да триумфира со 3-1 над Евертон на „Олд Трафорд“, и да се пласира во 1/16 финалето од ФА Купот на Англија. „Црвените ѓаволи“ имаа проблеми во одредени период од мечот, но на крајот успеаја да го решат дуелот во своја корист.

Антони во 4. минута донесе водство за Манчестер, а Коади ја казни грешката на Де Геа и успеа да израмни. Коади потоа си постигна автогол и така го донесе Јунајтед во ново водство.

Печат на победата стави Рашфорд од пенал во седмата минута од судиското надополнување.

 

Се вчитува...