Венус Вилијамс неодамна доби вајлд-карта за настап на Австралија Опен, но американската ветеранка беше принудена да го откаже својот настап на гранслем турнирот што ќе стартува на 16 јануари во Мелбурн.
Причината е повреда, откако 42-годишната Вилијамс се натпреваруваше во Нов Зеланд како загревање за Австралија опен, но се пожали на болка што нема да може да биде санирана навреме. Венус Вилијамс во својата колекција на трофеи има седум титули од гранслем турнирите, бројка на која дефинитивно ќе остане како што се доближува до крајот на својата кариера. Таа никогаш не го крена трофејот на Австралија Опен, а најдалеку стигна во 2003 и во 2017 година, кога играше финале, но таму загуби од својата сестра Серена Вилијамс.
Вајлд-картата што требаше да и припадне на Венус сега заминува кај Австралијката Ким Бирел, која ќе има можност „на домашен терен“ да настапи на првиот гранслем турнир во 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

