Ромео Бекам потпиша за Брентфорд

Ромео Бекам, синот на англиската фудбалска легенда Дејвид Бекем се врати назад на „островот“ потпишувајќи договор со премиерлигашот Брентфорд.

Тој ги мина последните години крај своето семејство во САД, потпишувајќи за тимот на Форт Лодердејл во 2021 година, за овој клуб нешто подоцна да се преименува во Интер Мајами 2, како дел од филијалата на МЛС-клубот чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Ромео, кој како и татко му настпаува во средниот ред, побара да се врати назад во Англија, а од неколкуте понуди ја избра онаа на Брентфорд. Тој најпрвин ќе настапува за вториот тим на лондонскиот премиерлигаш, но доколку успее да ја оправда довербата би добил шанса и во првата екипа.

„Дојдов за да останам во форма бидејќи сезоната во САД веќе заврши. Се укажа можност да дојдам на позајмица и веднаш ја прифатив. Возбуден сум, верувам дека ова ќе ми помогне уште повеќе да напредувам во кариерата“, изјави Ромео Бекам.

Се вчитува...