Лука Модриќ се приближува до крајот на својата блескава кариера, 37-годишниот ветеран најверојатно наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид, но се очекува наредната сезона да биде и последна во неговата фантастична кариера. Извонредниот Хрват ќе стави крај на едно успешно поглавје во животот, но уште сега сериозно размислува за наредниот чекор, при што негова желба е да ги следи чекорите на Зинедин Зидан.
Французинот исто така беше фудбалски генијалец како играч, а по завршувањето на кариерата целосно се посвети на тренерскиот занает, најпрвин во младинската академија на Реал Мадрид, по што доби шанса и во првата екипа на „кралевите“, со која стигна до три титули во Лигата на Шампионите.
Модриќ планира да оди по истиот пат, па желба на Хрватот е во наредните 12 месеци да почне со тренерска едукација, за кога дефинитивно ќе каже збогум на активното играње да има отворен пат кон тренерската професија. Тој не планира да лета во облаци, туку како и Зидан би сакал првата работа да му биде со една генерација во младинската академија на Реал, па потоа да се развива како тренер и да чека шанса во сениорскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

