Грение ги изненади фаворитките во Крањска Гора

Валери Грение од Канада е изненадувачка победничка на 59. издание на „Златната лисица“, велеслаломска трка што се вози во Крањска Гора во рамките од светскиот куп во скијање.

Грение имаше две одлични возења, остварувајќи вкупно време од 1:55.01, што беше за 37 стотинки подобро време од Италијанката Марта Басино. Третото место и припадна на Петра Влхова од Словачка со 40 стотинки послабо време од победничката, додека Микаела Шифрин денеска не беше на висина на задачата, освојувајќи го скромното шсто место.

Во генералниот пласман во велеслалом водечка е Басино со 380 бода, пред Шифрин со 300 и Швајцарката Гут Бехрами со 297 бода.

Севкупно во генералниот пласман во Светскиот куп убедливо најдобар е Михаела Шифрин со вкупно 1015 освоени бодови во досегашниот дел од сезоната, пред Влхова со 646 и Швајцарката Венди Холденер со 511 бода.

Се вчитува...