Чао Аталанта: Малиновски се сели во Франција

Руслан Малиновски е најновиот фудбалер што ќе ја напушти Аталанта, откако украинскиот репрезентативец ги договори деталите од трансферот во Олимпик Марсеј.

Лините детали беа средени уште пред извесно време, но денеска конечно стигна и целосен договор меѓу клубовите, откако Аталанта ја прифати понудата од 12 милиони евра, плус три милиони врзани со неколку различни клаузули.

Украинецот најави дека му е неопходен нов почеток одбивајќи да потпише нов договор со Аталанта, поради што калчолигашот од Бергамо беше принуден да го продаде и да спречи неговата цена да продолжи да паѓа.

Се вчитува...