Стратегот на Црвена Звезда, Душко Ивановиќ, порача дека неговиот тим нема да го потцени МЗТ Скопје без оглед на изгледот на табелаа во пресрет на утрешниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ (17 часот). Македонскиот првaк е последен на табелата, додека „црвено-белите“ го делат првото место со градскиот ривал Партизан, но Ивановиќ јасно стави до знаење дека нема да дозволи никакво опуштање во неговиот тим.
Главен проблем за шампионот на АБА-лигата е заморот бидејќи Црвена Звезда синоќа играше во Валенсија, а утре попладне ќе се појави на теренот во Скопје, но голем плус за „црвено-белите“ во однос на тој меч во Шпанија е што Ивановиќ на располагање ќе го има Факундо Кампацо.
„Искрено, немаме врeме да се освежиме по дуелот во Валенсија. Ние го респектираме секој ривал, позицијата на МЗТ на табелата воопшто не е важна бидејќи тоа е тим што поседува свои квалитети и не треба да го потцениме“, изјави Ивановиќ.
„Ќе бидеме посилни за Кампацо. Не смее и нема да има никакво потценување на екипата која ќе игра на домашен терен, пред своите навивачи на трибините. Рецептот е добро познат – цврсто, одговорно и со енергија“, додаде капитенот Бранко Лазиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА