За да нема љубомора во тимот: Јунајтед воведува „правило Кристијано Роналдо“

Ерик тен Хаг е цврсто решен да го постави Манчестер Јунајтед на здрави темели, бришејќи ги методите на работа на претходниот директор Ед Вудворд, кој се расфрлаше со пари за да ги убеди посакуваните фудбалери да дојдат на „Олд Трафорд“.

Желба на холандскиот стратег е во тимот да нема фудбалер со повисока плата од 200.000 фунти неделно, за да се избегне некои играчи да заработуваат и по двојно повеќе пари од останатите „ѕвезди“ во тимот. Британските медиуми методот го нарекуваат „правило Кристијано Роналдо“, за да не се повтори ситуацијата кога Португалецот земаше 500.000 фунти секоја недела, далеку повеќе од остатокот од тимот.

„Целта е да се создаде силен колектив, што значи дека не смее да постои љубомора меѓу фудбалерите. Тоа може да се постигне со израмнување на платите, односно да нема играч кој значително би отскокнувал во однос на останатите“, објаснува член на управата на „црвените ѓаволи“.

Најпогоден од ова правило ќе биде Давид де Хеа, кој моментно заработува 375.000 фунти неделно и ќе мора да се согласи на драматично намалување ако сака да остане во клубот. Над 200.000 е и левиот бек Лук Шо, кој исто така ќе мора да прифати намалување или да биде продаден, а новите засилувања кои ќе бидат носени во иднина нема да земаат повеќе од 200.000 фунти неделно, граница на која се наоѓаат Бруно Фернандеш, Кашемиро, Варан, Мегвааер…

Се вчитува...