Елиф Елмас ќе добие шанса од првата минута на денешниот натпревар меѓу Сампдорија и Наполи, најавува „Скај Италија“ во својата најава за овој дуел.
Лучијано Спалети не беше најзадоволен од своите стартери при поразот од Интер во минатото коло, па планира да направи неколку рокади во првите единаесетмина. Причина плус за измените во тимот е и фактот дека „наполитанците“ во следното коло ги очекува големото дерби со Јувентус, за кој Спалети се надева дека клучните играчи ќе му бидат во топ-форма за да ја запрат серијата од осум победи на „старата дама“.
Елмас е најавен како стартер на левата крилна позиција на местото на Кваресхелија, Лозано би требало да го заземе местото на Политано од десната страна во нападот, а во првиот тим заедно со македонскиот репрезентативец ќе се појави и Ндомбеле. Одмор ќе нема за најдобриот стрелец во тимот, Виктор Осимен, кој ќе го предводи Наполи во атакот на триумф во Џенова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА