Новото издание на Австралија Опен ќе остане посиромашно за уште една тениска ѕвезда, откако Наоми Осака го откажа своето учество во Мелбурн. Двократната шампионка од Австралија од 2019 и од 2021 година објави дека нема да биде дел од овој гранслем турнир, како причина наведувајќи ја повредата во пределот на абдоменот.
Јапонската тенисерка веќе подолго време се мачи со повреди и со депресија, а својот последен меч на турнирите го одигра во септември минатата година.
Таа неколку месеци беше во аут, најавуваше камбек токму на својот омилен гранслем турнир, но денеска и официјално објави дека нема да биде дел од Австралија Опен.
Местото на Осака на овој гранслем турнир ќе и припадне на украинската тенисерка Дајана Јастремска. За потсетување, вчера своето учство на Австралија Опен го откажа и Венус Вилијамс, додека кај мажите поради повреда ќе недостига првиот носител Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

