Бензема се откажа од репрезентацијата само поради Дешамп: Го чекаше, но не го дочека Зидан…

Освојувачот на „Златната топка 2022“, Карим Бензема не долго по крајот на Мундијалот соопшти дека повеќе нема да игра за репрезентацијата, по што почнаа на виделина да излегуваат сите проблеми меѓу него и соиграчите од репрезентацијата и со селекторот Дидие Дешамп.

Медиумите од Франција откриваат дека одлуката ја донел откако дознал дека Дешамп останува селектор. Поранешниот капитен на националниот тим ќе остане селектор до 2026 година, иако медиумите навестуваа дека ќе биде заменет од Зинедин Зидан, по СП во Катар. Во случај Зидан да ја преземеше селекторската функција, Бензема сигурно ќе продолжеше со репрезентативната кариера.

Откако информацијата дека Дешамп останува селектор дојде до Бензема, тој се одлучи да се откаже од репрезентацијата. Токму Дешамп е единствената причина Бензема да се откаже од настапот за националниот тим.

Бензема има досега 97 натпревари за Франција и постигнато 37 гола. Со тимот досега славел само освојување на Лигата на нации 2021 затоа што од 2015 до 2020 година не беше во тимот поради скандалот со поранешниот соиграч Матиеу Валбуена.

Се вчитува...