Микаела Шифрин продолжува да доминира на скијачките патеки, откако големата шампионка триумфираше на велеслаломската трка што со возеше во Крањска Гора.
Американката стигна до својата 82. победа во голем стил, минувајќи ги двете возења за вкупно време од 1:52.53, за дури 77 стотинки подобро од второпласираната Федерика Брињоне. Третото место и припадна на Лара Гут – Бехрами со 97 стотинки послабо време, четврта беше Влхова, а петтопласирана Марта Басино.
Она што е уште позначајно, Шифрин со овој триумф се израмни со Линдзи Вон, како скијачки со најмногу победи во историјата на Светскиот куп.
Пред неа сега се наоѓа само апсолутниот рекордер Ингемар Стенмарк, шведската машка скијачка легенда која во кариерата забележа 86 победи во Светскиот куп, само четири повеќе од бројката што ја има Шифрин во моментов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА